Српската фудбалска јавност повторно се сврте против Душан Влаховиќ откако екс-голгетерот на Јувентус го откажа настапот за репрезентацијата во овој прозорец жалејќи се на повреда заработена на последниот меч за неговиот Бешикташ.
Тој ги одигра сите 90 минути за „црно-белите“ од Истанбул во поразот од Амедспор, постигна и гол, но два дена подоцна се пожали на боолка во мускулот и беше соопштено дека ќе отсуствува од националниот тим.
Србите без негова помош имаат три порази на првите три средби од Лигата на нации, а фрустрациите на фановите уште повеќе се зголемија откако од Турција пристигна информација дека повредата на овој фудбалер не е премногу сериозна и тој веднаш по репрезентативната пауза ќе може да се врати на терените.
Кај нашиот северен сосед се потсетија и дека Влаховиќ од најразлични причини неколку пати му откажуваше и на поранешниот селектор Стојковиќ, сомневајќи се во лојалноста на овој одличен фудбалер кога станува збор за националната селекција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
