Џани Инфантино се соочува со се поголеми проблеми откако европските национални федерации почнаа јавно да ја повлекуваат поддршката што му ја дадоа пред неколку месеци во обидот Швајцарецот да добие нов мандат како претседател на ФИФА.
Први нога утрово повлекоа Велшаните, ги следеше ФА на Англија, по што на ваков чекор се јавија и нашите соседи, челниците на Фудбалскиот Сојуз на Србија.
„Потсетуваме дека на господинот Инфантино му дадовме поддршка на 25 мај во пишана форма, но по вниманително согледување на случувањата во изминатиот период, нарушениот углед на ФИФА и на нејзиниот претседате, сметаме дека ова е единствениот логичен потег. Фудбалскиот сојуз на Србија смета дека иднината на светскиот фудбал мора да биде заснована на транспарентност, дијалог и меѓусебно почитување, партнерски однос меѓу сите конфередерации и национални сојузи. Остануваме посветени на соработката со ФИФА, УЕФА и со сите национални сојузи, се со цел да го продолжиме развојот и унапредувањето на фудбалот, но сметаме дека во овој момент е потребен нов пристап и ново раководство што ќе го врати кредибилитетот на меѓународните фудбалски институции“, се вели во соопштението на српската куќа на фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
