Србите останаа без двајца клучни играчи

Селекцијата на Србија по домашниот пораз од Португалија нема друг избор освен да атакува на цел плен на вечерашното гостување против Луксембург. Сепак, таа задача нема да биде нималку лесно откако селекторот Тумбаковиќ остана без двајца клучни играчи од нападот – Лука Јовиќ и Душан Тадиќ.

Јовиќ и претходно се жалеше на повреда, па стручниот штаб веднаш по мечот со Португалија донесе одлука голгетерот на Реал Мадрид да не патува за Луксембург. Сепак, неочекувано е отсуството на Тадиќ, откако асот на Ајакс се пожалил на болки во препоните, а по деталните лекарски прегледи му беше дозволено да замине за Амстердам.

Србија моментно се наоѓа на четвртото место во својата квалификациска група, но „орлите“ ќе имаат уште една шанса за пласман на ЕВРО 2020, преку нокаут-фазата од Лигата на Нации откако го завршија настапот во групната фаза како првопласирани.

Се вчитува...