По 180-то Вечно дерби во кое Црвена звезда со 2:1 го совлада Партизан, непосакувани проблеми може да има фудбалската репрезентација на Македонија.
Еден од најдобрите играчи на дербито беше македонскиот репрезентативец Матеј Гаштатров, кој го изнуди пеналот во 25-та минута по кој Црвена звезда поведе со 2:1, резултат кој се покажа како конечен.
Гаштаров ги помина сите младински селекции во македонската репрезентации, а сега доби повик од селекторот на сениорската репрезентација Гоце Седлоски, за мечевите во Лигата на нации.
„Тој е перфектен за позицијата во средниот ред. Вината му добра, главата му е крената, го гледа теренот и немаше грешки. Се информира на време и на време ги носи одлуките. Нема многу филозофија: брза информација, обработка и точна одлука. Не му треба дополнителен потег, не треба да игра како десетка. Така играше вчера и веднаш се виде разликата“, изјави поранешниот фудбалер, а сега аналитичар Ранко Стојиќ за поткастот „2х45“.
Тој откри дека Србите ќе се обидат да го убедат Гаштаров во иднина да игра за селекцијата на Србија.
„Ќе видиме, ќе направиме сè што можеме. Ќе се обидеме“, порача Стојиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
