Србите се изнапромашуваа во Букурешт, па ремизираа со Романија

Србија и Романија ремизираа без голови на националниот стадион во Букурешт во 4. коло од Групата 4 во Ц лигата на УЕФА Лигата на нации.

Србите беа далеку подоминантен противник на теренот но не успеаја да реализираат бројни шанси за победа. Во првото полувреме Тадиќ не реализираше и удар од белата точка во 45. минута, пред кој беше исклучен и домашниот дефанзивец Габриел Тамаш.

Романците играа со фудбалер помалку цело второ полувреме, но на крај успеаја да извлечат бод по промашувањата на Митровиќ од идеални шанси.

Србија е во водство во Групата 4 со 8 бода, два повеќе од второпласираната Романија.

Се вчитува...