Србите со список: Тука е Јокиќ, но има бројни отсуства…

Српскиот селектор Душан Алимпијевиќ го објави списокот од 18 кошаркари кои ќе бидат дел од подготовките и потоа ќе настапат во квалификациите за Мундобаскет 2027.

Она што е најважно за Србија, на списокот се наоѓа извонредниот Никола Јокиќ, кому друштво ќе му прави и Никола Јовиќ од Мајами хит, како и неколку ѕвезди од Евролигата…

Капитенот Богдан Богдановиќ нема да може да му помогне на српскиот национален тим во овој циклус, а Алимпијевиќ на располагање ќе ги нема ниту Милутинов, Петрушев, Гудуриќ, Калиниќ, Вања Маринковиќ…

Србија на 2 јули ќе гостува на Швајцарија, а четири дена подоцна на домашен терен ќе ја пречека селекцијата на БиХ, во чии редови ќе настапат Јусуф Нуркиќ и Лука Гарза.

Србите веќе претрпеа два порази во овие квалификации од Турција, поради што не смеат да си дозволат нов неуспех на претстојните натпревари.

Се вчитува...