Срдановиќ уште „две години плус “во Вардар

Вардар одлично ја стартуваше новата сезона, „црвено-црните“ се на пат да го освојат првото место во својата група од Супер-лигата, а управата веќе работи и на задржуање на клучните ракометари во тимот.

Еден од нив е Марко Срдановиќ, одличното лево крило кое се наметна како еден од лидерите на тимов. Самиот Срдановиќ е задоволен од атмосферата во екипата, управата беше презадоволна од неговите игри, по што беше потпишан нов договор на уште две сезони, со кој Србинот ќе остане дел од „црвено-црните“ најмалку до 2026 година.

„Со ангажирањето на Срдановиќ, добивме играч со мирна и прецизна рака, добра пеналџија и пред се спортист со карактер и човек со став. Убедени сме дека заедно ќе создадеме компактен тим кој во иднина ќе ја продолжи трасираната патека, и ќе биде дел од победнички Вардар“, задоволни се во таборот на „црвено-црните“.

„Доаѓањето во Вардар ми беше најдобриот потег во кариерата. Одлично се снајдов во Скопје, клубот и играчите ме прифатија како семејство, и таа хемија носи резултат. Вардар создава тим што во иднина ќе биде не само квалитетен, туку и доминантен. Затоа сметам дека останувањето во Скопје е уште еден вистински потег. Имам одлични соиграчи, управа и пред се навивачи. Тоа секогаш носи резултат“, вели Срдановиќ за официјалната веб-страница на Вардар.

Се вчитува...