Среќата го сврте грбот на „римската волчица“

Резултатската криза на Рома во Калчо-лигата се продлабочи откако „римската волчица“ ремизираше 1-1 против „фенерџијата“ Венеција, петти меч во низа во кој избраниците на Жозе Мурињо не успеваат да стигнат до цел плен на италијанската фудбалска сцена. Рома одигра квалитетно, создаде десетина стопроцентни шанси, но среќата им го сврте грбот на римјаните, кои дури четири пати ги погаѓаа рамките од голот на гостите.

Венеција неочекувано поведе уште во првата минута, кога Окереке ја казни заспаноста на домашниот состав и ги доведе гостите во водство. Рома целосно ја презеде иницијативата, создаваше шанси во противничкиот шеснаесетник, но промашаните шанси се редеа како на филмска лента.

Шомуродов конечно погоди за 1-1, тој гол им даде ветер во грбот на домашните фудбалери, кои продолжија со доминацијата, но немаа сили за пресврт. Жалевски во 89. минута биеше маестрално, но неговиот удар заврши само во гредата, а последната шанса на мечот ја имаше Ел Шарави, кој од еден метар шутираше во паднатиот голман на Венеција.

Се вчитува...