Францускиот судија Клемен Турпан е изборот на УЕФА за главен арбитар на претстојното финале од Лигата на Шампионите, во кое на 28 мај во Париз ќе се сретнат Реал Мадрид и Ливерпул.
За Македонија овој судија беше среќен во бараж-дуелот за пласман на СП меѓу Италија и Македонија, на кој нашата национална селекција го шокираше големиот фаворит со триумф од 0-1.
Турпан (39 години) е меѓународен судија уште од 2010 година, но за него ова ќе биде прво финале во Лигата на Шампионите, откако лани ја делеше правдата во финалето од Лигата на Европа. Сезонава тој беше судија на седум средби од ЛШ, меѓу нив и првиот четвртфинален меч меѓу Реал Мадрид и Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА