Срѓан Ѓоковиќ: Новак е во притвор во Мелбурн

Не престанува сапуницата со настапот на Новак Ѓоковиќ на Австралија опен. Откако не му беше дозволен влез во Мелбурн, сега излегуваат нови детали околу ситуацијата на Србинот во Австралија.

Таткото на најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, Срѓан вели дека неговиот син во моментов е во притвор во Мелбурн. Додека не се реши ситуацијата пред собата во која се наоѓа Новак стојат двајца полицајци и никој не смее да влезе во неа.

Австралиските медиуми ја пренесоа информацијата, а самата за српските медиуми ја потврди и неговиот татко Срѓан. Се очекува утре во австралиско време, односно за неколку часа целата ситуација да се реши и да се дознае дали на Ѓоковиќ ќе му биде дозволен настап на Австралија опен или ќе мора да се врати во Србија.

Се вчитува...