Вардар и Струга ТЛ ќе се сретнат во големото финале од Купот на Македонија закажано за 21 мај во 20 часот, а интересно е што во судискиот тим ќе бидат вклучени и арбитри од Србија.
Имено, ВАР-технологијата ќе дебитира на еден домашен натпревар во мак-фудбалот, а бидејќи нашите судии се уште се во фаза на обука, одлучено е во ВАР собата да се најдат двајца арбитри од северниот сосед, и тоа Новак Симовиќ од Нови Сад и Урош Стојковиќ од Белград.
За главен судија е именуван Игор Стојчевски од Скопје, кому ќе му помагаат Дарко Јовчевски од Тетово и Мартин Петковски од Куманово, а четврти судија ќе биде стружанецот Јован Качевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА