Српскиот судија 30 дена во притвор за смешниот пенал!

Српскиот фудбалски судија Срѓан Обрадовиќ ќе ги мине следните триесет дена зад решетки, по непостоечкиот пенал што го досуди на дуелот меѓу Спартак Суботица и Раднички Ниш. Видеото од случката вирално се рашири низ цела фудбалска Европа, раководството на Српскиот Фудбалски Сојуз побара бришење на Обрадовиќ од листата на судии, а полицијата го уапси овој арбитар, на налог на посебното одделение за борба против корупција

Пред Судот во Нови Сад денеска првпат се дискутираше за овој случај, при што Обрадовиќ ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека грешката била сосема случајно. Судот на крај сепак го прифати барањето на обвинителството, на Обрадовиќ да му биде одреден притвор во времетраење од еден месец, пред се поради опасност да влијае врз сведоците и истрагата што ќе следи.

Ова е прв ваков случај во регионот, прволигашки судија да биде уапсен за погрешни одлуки, но јасно е дека грешката е преголема за да биде случајна.

Се вчитува...