Стадионот „Младост“ во Струмица се реновира за пречекот на Албанија (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Македонија првпат ќе одигра квалификациски натпревар надвор од Скопје на 5 септември, кога во Струмица ќе ја пречека Албанија. УЕФА дозволи да бидеме домаќини на стадионот „Младост“, но тој ќе треба да се реновира согласно предвидените стандарди, за да го добие потребното ниво за организација на меч од таков европски карактер.

mladost strumica 5

Поставени се и рокови од Европската куќа на фудбалот, кои ФФМ максимално ќе ги испочитува, па токму затоа и се работи на комплетно реновирање на стадионот, во сите сегменти. Зад головите се поставуваат нови монтажни трибини, а на постоечките две трибини ќе бидат поставени нови столчиња. Ќе се работи и на подобрување на осветлувањето, приодите кон стадионот, безбедноста на гледачите и на актерите, се мора да биде ’под конец’ до крајот на август.

mladost strumica 6

Се вчитува...