Стафа: „Шкендија е голем фаворит, но ние не знаеме за бело знаме!“

Башкими го остави зад себе кризниот старт на сезоната и серијата од пет едноподруго порази. Триумфите над Скопје и Коњаре во Купот, како и ремито (3-3) со Вардар, ја вратија самодовербата во кумановскиот табор.

Денеска пред нив е еден од најтешките предизвици сезонава — пресметката од 8. коло против тетовска Шкендија, која ќе се одигра на неутрален терен во Гостивар.

„Атмосферата против Шкендија е секогаш специфична. Се соочуваме со тим кој има шампионски претензии и квалитетен играчки кадар, но бела знаме не истакнуваме. Во Гостивар влегуваме максимално мотивирани за да извлечеме позитивен резултат“, вели Андри Стафа пред денешниот дуел.

Досега овие два ривали ги имаат одмерено силите 16 пати: Шкендија има осум победи, Башкими триумфираше на шест меча, додека два дуели завршија без победник. Интересно е што во последниот меѓусебен дуел, кумановци приредија изненадување и го зедоа целиот плен среде Тетово, славејќи со 3-2.

Натпреварот Шкендија – Башкими се игра денес од 16 часот на стадионот во Гостивар, а правдата на теренот ќе ја дели Фатмир Бафто.

Се вчитува...