Стахил Николов и ТФТ продолжуваат заедно и во следните три години

Стахил Николов и ТФТ остануваат заедно и во следните три години откако денеска клубот го потврди продолжувањето на соработака. Младиот Македонец е дел од тимот веќе извесно време, а со своите добри игри се наметна како еден од позначајните кошаркари во тимот.

Оваа сеозна одигра 32 натпревари во домашното првенство каде забележа просек од 8.4 поени и 3.7 скока по натпревар, додека во БИБЛ лигата на 14 средби забележа 9.5 поени и 3.6 скока.

ТФТ оваа сезона ги потврди очекувањата од претсезоната со пласман меѓу најдобрите четири тима во првенството, а стигна и до историски трофеј, совладувајќи го МЗТ Скопје во финалето од Купот на Македонија.

Се вчитува...