Стајиќ: Можевме да бидеме уште поубедливи

Плејмејкерот на националната кошаркарска селекција, Бобан Стајиќ, посочи дека нашата репрезентација ја заслужи победата со тоа што имаа контрола над речиси целата пресметка, но смета дека триумфот можеше да биде и поубедлив.

„Благодарам на сите што дојдоа да не поддржат. Игравме добро и го контролиравме речиси цел натпревар. Ја заслуживме оваа победа, и сметам дека можеби требаше да победиме со поубедлива предност, но тоа е што е, одиме понатаму“, изјави Стајиќ.

Се вчитува...