Стајиќ пред камбек во МЗТ Скопје

МЗТ Скопје е во завршна фаза од преговорите за ангажман на Бобан Стајиќ, трансфер што би претставувал камбек на плејмејкерот во редовите на актуелниот првак на Македонија. „Металците“ ќе останат без Лестер Медфорд, а одлуката на управата е во новата сезона на плејмејкерската позиција да се има домашен тандем, па покрај Андреј Магдевски тренерот Кочов на располагање ќе го има и Стајиќ.

Станува збор за еден од најстандардните плејмејкери во Првата лига, кој зад себе имаше добра сезона во дресот на Работнички. „Центарци“ беа заинтересирани за да го задржат Стајиќ, интерес покажа и Кожув, но МЗТ е најблиску до потпис, нешто што се очекува да се случи во следните денови.

„Металците“ потоа погледите ќе ги насочат кон центарската позиција, каде се загреани за Бојан Крстевски од Работнички, а се разгледуваат и неколку странски опции за овој дел од екипата.

Се вчитува...