Стајиќ: Пресудна беше тимската игра

Бобан Стајиќ одигра одличен натпревар против својот поранешен клуб, на најдобар можен начин потврдувајќи дека поседува квалитети кога ќе му се даде шанса да игра поконстантно. Плејмејкерот по средбата не го криеше задоволството по големата победа, потенцирајќи го тимскиот карактер на Фени како клуч за успехот.

Влеговме многу мотивирано во овој натпревар, знаевме дека единствен начин да го победиме МЗТ Скопје со стопроцентно залагање и многу енергија. Мило ми е што внесов позитивна енергија во нашиот тим и помогнав да стигнеме до оваа голема победа. Реши тимската игра на која инсистиравме од почетокот. Уште при ждребот знаевме дека распоредот е тежок, но исто така и верувавме дека можеме да стигнеме до пехарот. Видовте на крајот, топката се вртеше околу обрачот, но се заврши онака како што посакувавме. Утре е финалето, а ние имаме јасна цел – одиме на трофејот, не застануваме овде“ – изјави Стајиќ.

Се вчитува...