Стана европски првак со Словенија, но доби отказ по една година во НБА

Игор Кокошков доби отказ од клупата на Феникс санс откако српскиот стратег не успеа да стигне ниту до 20 победи изминатата сезона во НБА-лигата. Стратегот што оствари историски успех со Словенија освојувајќи ја круната на Евробаскет 2017 немаше успех во својот прв самостоен тренерски ангажман, не успевајќи да ја крене атмосферата во еден од најгубитничките клубови во НБА во изминатата деценија.

Феникс нема забележано повеќе од 24 победи во последните четири сезони, но се очекуваше дека со Кокошков на клупата овој клуб би можел да направи барем мал чекор напред. Сепак, тој не успеа да го наметне својот авторитет врз играчите, што придонесе да дојде и до неколку конфликти за време на натпреварите, па разделбата беше неизбежна.

Главен фаворит за наследник на Кокошков е Монти Вилијамс, поранешниот НБА-кошаркар кој сезонава е помошен тренер во Филаделфија.

Се вчитува...