На неполни два месеци откако со Шпанија триумфира на Светското првенство, Маркос Љоренте, одлучи да се повлече од репрезентацијата.
„ Откако поминав многу време размислувајќи за сè, решив да ја завршам мојата приказна со репрезентацијата. Свесен сум дека сè уште сум млад и дека, можеби, ако продолжам да ги правам работите како што треба, би можел да го носам овој дрес уште многу години. Знам дека многумина од вас нема да го разберат ова и дека веројатно ни јас не би го разбрал да бев на ваше место. Но, ова е лична одлука, за која размислував долго време и која пред сè, ја донесов со срце.
Можам само да бидам бескрајно благодарен на сите луѓе што ги запознав во текот на годините и кои ми овозможија мене и семејството да доживееме незаборавни моменти. Ќе носам со себе сè што доживеав, но пред сè овие последни 52 дена, со прекрасна група луѓе кои до самиот крај се бореа да ја донесат Шпанија на врвот и успеаја во тоа. Ми беше голема чест да ја претставувам мојата земја и да бидам дел од оваа историја. Ви благодарам за сè. Голем поздрав до сите“, напиша Маркос Љоренте.
31-годишниот Љоренте дебито за Фуријата го имаше во 2026 година против Холандија и до одлуката да се пензионира од националниот тим запиша 26 меча.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
