Станчиу: Ќе ја победиме Македонија само за нашиот селектор

Еден од најдобрите фудбалери на романската репрезентација, Николае Станчиу, кој игра во извонредна форма во дресот на Славија Прага, пред денешниот старт на квалификациите за СП 2022 вели дека секој од неговите репрезентативни соиграчи е подготвен за победа над Македонија.

Станчиу како дополнителен мотив плус за селекцијата го наведува и фактот дека селекторот Мирел Радои, поради позитивен тест на коронавирус, не може да биде дел од денешниот натпревар на Националната арена во Букурешт.

„Се уште се надеваме дека Мирел ќе биде со нас на денешниот дуел. Ќе биде чудно без него затоа што работевме преку видео-сесии со него подготвувајќи се за натпреварот со Македонија. Знаеме сите колку сака да почнеме со победа во овие квалификации, и може да ветиме дека мора да направиме се за да ја победиме Македонија, само за него“ – вели Станчиу, притоа дополнувајќи:

„Јасно е дека стартот на еден нов квалификациски циклус секогаш е најтежок. Македонија не е наивен противник, а тоа го покажа со пласманот на ЕП. Но, треба да почнеме со победа за тоа далеку порелаксирано да ги играме следните два натпревари“.

Се вчитува...