Младата репрезентација на Македонја на стадионот во Автокоманда, предводена од селекторот Горан Станиќ, ги реализира подготовките за утрешниот пријателски натпревар со Бугарија кој се игра од 18 часот на стадионот Бистрица во Софија.
Станиќ се соочува со серија проблеми пред тест дуелот по откажувањето на тројца фудбалери.
Играчите на Шкендија, Анес Мелиќи и Нуман Ајетовиќ го откажаа настапот поради повреди, а претходно беше познато дека исто така нема да се приклучи и фудбалерот на Струга ТЛ, Меметриза Хамза.

Но, од македонскиот табор најавуваат максимално издание на утрешниот дуел со силна верба во позитивен резултат на гостувањето против источниот сосед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
