Станков го продолжи договорот со Дордрехт на уште една година

Македонскиот интернациналец Антонио Станков го продолжи договорот со холандскиот второлигаш Дордрехт на уште една година.

Поранешниот младински репрезентативец доби понуда од Дордрехт за продолжување на соработката па се одлучи да ја прифати. Минатата сезона 27-годишниот Станков за Дордрехт одигра 32 натпревари притоа постигнувајќи еден погодок.

Во својата кариера претходно Станков има настапи и за холандските Топ Ос и МВВ како и за данските Виборг и Велје.

Се вчитува...