„Старата дама“ без срам – повторно го понижи Манџукиќ

Марио Манџукиќ е не излезна врата од Јувентус, повеќе од јасно е дека италијанскиот првак не смета воопшто на Хрватот, но „старата дама“ изненадува со понижувачкиот однос кон голгетерот.

Манџукиќ во текот на целата сезона тренира изолирано од првата екипа, а средбите ги следи од трибините на стадионот на Јувентус. Згора на тоа, „Супер Марио“ воопшто не бил повикан за традиционалната божиќна забава на која ќе се појават и дел од младинските фудбалери, но не и голгетерот што со успех настапуваше во црно-белиот дрес уште од 2015 година.

На листата на гости за забавата на Јувентус има 600 лица, но не се наоѓа името на Марио Манџукиќ. Очигледно е дека Јуве веќе не го третира Марио како свој член“ – пишуваат италијанските медиуми.

 Нема дилеми дека Манџукиќ на самиот почеток од јануарскиот преоден рок ќе си замине од овој клуб, а најзаинтересирани за негов потпис се Манчестер Јунајтед и Милан.

Се вчитува...