„Старата дама“ на колена во Фиренца…

По три натпревари без победа, Фиорентина конечно стигна до триумф во 20. коло од Серија А, и тоа против никој друго туку лидерот во шампионатот екипата на Јувентус со 2-1.

Тимот од Фиренца сосема заслужено стигна до триумфот, најавувајќи го во 37. минута со погодокот на Калиниќ.

Nikola Kalinic Goal HD – Fiorentina 1-0… by Live1Goals

Во второто полувреме Фиорентина зголеми на 2-0 со голот на Бадељ во 54. минута, а Игуаин единствено успеа во 58. минута да постигне почесен погодок за „Старата дама“.

Fiorentina 2-0 Juventus Milan Badelj Goal 15… by bamixos
Gonzalo Higuain Goal HD Fiorentina 2 1 Juventus… by reddefutbol

Јувентус, по овој пораз, остана на 45 бода, само еден повеќе од второпласираната Рома. Јувентус има и натпревар помалку. На третата позиција е Наполи со 41 бода, а четврти Лацио со 40 бода.

Се вчитува...