„Старата дама“ се прости од Кјелини: Фановите го поздравија со овации, емотивна сцена во Торино (ВИДЕО)

„Старата дама“ од следната сезона ќе остане без столбот на одбраната, Џорџо Кјелини, кој по 18 години го напушта торинскиот гигант, а вечерва против Лацио ги одигра последните минути за Јуве.

Во 18. минута, Масимилијано Алегри го извади од игра легендарниот дефанзивец, кој со емоции се поздрави од домашната публика. Неговото место во последната линија на Јуве го зазеде Де Лихт.

Искусниот 37-годишен дефанзивец одлуката дека заминува од Јуве ја соопшти по поразот од Интер од пред четири дена.

Се вчитува...