Претседателството на АБА лигата, со согласност на клубовите, одби да ги прифати условите доставени од арбитрите преку овластениот адвокат Даниел Папко.
Mесто условите предложени од судиите, кои не беа во согласност со конечната понуда на АБА лигата поднесена на 28 септември, беше одлучено судискиот комесар и претседател на Судиската комисија, Мигел Анхел Перез, да продолжи со изготвување нов список на судии за сезоната 2026/2027.
Списокот на судии ќе биде повторно доставен до Собранието за одобрување, доколку има мнозинство, а се очекува дека ќе има, сезоната би можела да започне следниот викенд.
Ако се биде во ред, во второто коло ќе играат: Борац Чачак – Широки, Крка – Будуќност, Цедевита Олимпија – Цибона, Игокеа – Слован, Виена – Клуж, Спартак – Босна, ФМП – Црвена Звезда, Илирија – Дубаи, Партизан – Мега, Задар – СЦ Дерби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
