СТАРОСТ – ЛУДОСТ: Грег Попович се ожени на 78 години со бившата жена на долгогодишниот пријател и асистент (ВИДЕО)

Долгогодишниот трофеен тренер на Сан Антонио Спарс, Грег Попович, се ожени по вторпат, овој пат со поранешната сопруга на долгогодишниот асистент Мајк Буденхолцер.

Човекот кој ги предводеше Спарс до сите пет титули беше во брак со Ерин 42 години, со која има две деца. А, сега е во брак со Мери Барт Буденхолцер, поранешната сопруга на својот долгодишен пријател.

Буденхолцер е разведен од својата екс-сопруга од 2016 година, а новите младенци во јавност се појавија пред една година кога заедно беа видени на натпреварите на Спарс.

Буденхолцер работеше со Поповиќ повеќе од 20 години и учествуваше во освојувањето на четири титули на Спарс.

Се вчитува...