Старт на подготовките на кошаркарската репрезентација на Македонија

Македонската кошаркарска репрезентација во салата „Лазар Лечиќ“ ги започна подготовките за натпреварите од претквалификациите против Ирска и против Луксембург.

Селекторот Жозеп Мариа Берокал, заедно со стручниот штаб составен од асистентите Ѓорѓи Кочов, Никола Велев и Марко Докузовски, на првиот тренинг имаше на располагање најголем број од повиканите кошаркари.

Во наредните денови се очекува приклучување на Андреј Јакимовски и Адем Мекиќ, како и на странската опција за која стручниот тим предводен од селекторот Берокал дополнително ќе донесе одлука.

Во оваа фаза од подготовките, репрезентативците ќе работат со по еден тренинг дневно во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, а пред крајот на работната седмица е планиран и првиот контролен натпревар.

Првата проверка за „црвено-жолтите“ ќе биде на 21 јуни, кога Македонија ќе игра против селекцијата на Бугарија на гостински терен.

Нашата репрезентација е дел од групата „А“ во претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 година, каде за противници ги има националните тимови на Ирска, Луксембург и Азербејџан.

Се вчитува...