Старт со проблеми: Одложено битолското ракометно дерби

Стартот на сезоната од ракометната Супер-лига сепак нема да биде означен со градското дерби меѓу Пелистер и Работник, откако двата битолски клубови се согласија мечот да биде одложен поради технички причини.

„Пелистерци“ требаше да бидат домаќини на утрешниот дерби дуел со „фармацевтите“ од Битола, но проблемите со салата „Младост“ се причината поради која мораше да дојде до одлагање. За целата ситуација е известена и Ракометната Федерација на Македонија, која дала зелено светло за промена на терминот.

Во останатите натпревари од првото коло во Супер-лигата ќе се сретнат Бутел – Прилеп, Борец – Струга, Пролет – Охрид и Вардар јуниор – Радовиш.

Се вчитува...