СТАРТЕН СОСТАВ: Николов доби место во средината, напаѓаме со Трајковски, Чурлинов и М.Ристовски

Без поголеми изненадувања во стартниот состав на македонската репрезентација вечерва во Палермо на „Ренцо Барбера“ за баражот против Италија. Селекторот Благоја Милевски се одлучи во средниот ред да му даде предност на Бобан Николов, кој ќе дејствува заедно со Аријан Адеми и со Енис Барди.

Покрај нив, одбраната на Македонија ќе биде сочинета од стандарните Стефан Ристовски, Дарко Велковски, Висар Муслиу и Езџјан Алиоски. Во офанзивниот дел на Македонија ќе бидат Трајковски и Чурлинов како крила, со најистурениот Милан Ристовски.

Одамна е познато дека на голманската позиција ќе биде Столе Димитриевски.

Имаше некои најави дека можеби ќе има место за Ашковски како крило, но Милевски се одлучи да не прави рокади на крилата, туку да му даде шанса на Николов, онаму каде што се најголемите проблеми, со оглед дека за овој натпревар ги нема Елмас и Костадинов.

Се вчитува...