Стартот на новата сезона во Првата лига одложен за 12. август

Фудбалската федерација на Македонија одлучи за една недела да го одложи почетокот на новата натпреварувачка сезона.

Како што информираат од ФФМ, поради комплетирање на документацијата во процесот за лиценцирање на клубовите за претстојната сезона, сезоната 2018/19 во Првата македонска фудбалска лига место на 5. август, како што беше првично предвидено, ќе стартува на 12. август (недела).

Извлекувањето на двојките за натпреварувачката сезона 2018/19 од Прва МФЛ ќе се одржи на 1. август 2018. (среда) во 12 часот во „Куќа на фудбалот“.

Се вчитува...