Стартот на првенството одложен, Првата лига останува со 11 екипи

Стартот на кошаркарската сезона и оваа година ќе биде одложен, па Првата лига наместо на 5 октомври ќе почне една седмица подоцна. Ова е одлуката на раководството на МКФС по најновиот развој на настаните и пресвртот околу статусот на тимот на Охрид, кој најпрвин се повлече од натпреварување, но сега под „капа на Општина Охрид“ ќе продолжи да биде дел од елитното кошаркарско друштво во државата.

Во текот на вчерашниот ден се појавија информации дека федерацијата планира да ја зголеми лигата на 12 екипи, со што во елитата би се вклучиле КК Ангели и КК Шкупи, но по последните случувања тие варијанти паѓаат во вода. Ставот на КФСМ е лигата да остане со 11 клубови, како што беше претходно утврдено и за што веќе беше извршена и ждрепка за утврдување на календарот.

Ова значи дека нема да има ново извлекување, сезоната ќе стартува само со седумдневно задоцнување, но со претходно утврдените двојки: Кожув – Охрид, Академија ФМП – Работнички, Еуро Никел – Гостивар, МЗТ Скопје  – Куманово и Вардар – Пелистер.

Се вчитува...