СТАРТУВА ЈУБИЛЕЈНИОТ 35. ШАМПИОНАТ – Вардар во одбрана на трофејот, Шкендија единствен вистински предизвикувач!

Со натпреварот меѓу Тиквеш и Арсими денеска од 17 часот стартува јубилејниот 35-ти шампионат на Македонија во Првата фудбалска лига.

Од оваа сезона повторно враќање на 10 екипи во елитното друштво како би се концентрирал квалитетот во најсилната домашна лига, што без сомнение ветува далеку понеизвесна битка и за водечките места и за опстанок. Иако, реалноста говори дека бранителот на трофејот Вардар и тетовска Шкендија ќе бидат водечките две екипи кои ќе се борат за новиот трофеј.

Вардар сезонава атакува на 13-та титула во историјата, со главен предизвикувач Шкендија, иако во трката за највисок пласман остануваат, се чини, уште само Силекс и Струга ТЛ.

Факт е дека останатите екипи ќе се борат за обезбедување на опстанокот, ако се знае дека и поголемиот дел од нив релативно доцно стартуваа со подготовките, и без се уште до крај формиран играчки кадар.

Според натпреварувачкиот правилник, две екипи ќе ја напуштат прволигашката елита, а осмопласираниот тим ќе мора да игра бараж за опстанок со еден од второлигашите. Согласно регулативата, и натаму останува обврската за еден младинец во стартните тимови.

ПМФЛ – 1. КОЛО

ДЕНЕСКА (17 ч.)

Тиквеш – Арсими

САБОТА (25 ЈУЛИ, 17 ч.):

Струга – Шкендија (А)

Вардар – Брегалница

НЕДЕЛА (26 ЈУЛИ)

17 ч: Силекс – Башкими

19 ч: Шкендија – Скопје

Се вчитува...