СТАРТУВА ВТОРАТА ЛИГА – НИКОГАШ ДОСЕГА ПОСИЛНА: Работнички, Пелистер, Македонија ЃП, Брера, Охрид… во битка за елита!

Стартуваат денеска и натпреварите во новата 2026/27 сезона во Втората македонската фудбалска лига која ќе биде како никогаш досега посилна.

Оваа сезона лигата ќе биде со 14 екипи, но со вистинска концентрација на поранешни истакнати прволигаш од кои и три екс-шампиони на Македонија – Работнички, Шкупи и Македонија ЃП, но и три екипи со освоени трофеи во Купот на Македонија – Тетекс, АП Брера и Пелистер.

Факт е дека повеќе од интересна ќе биде битката за влез во елитата. Трката за враќање во прволигашкото друштво ќе ја водат Работнички и Македонија ЃП, но тука се и Охрид, Македонија ЃП, АП Брера, Беласица и Шкупи.

Единствен дебитант е екипата на Камјани, а тука се и веќе стандардните второлигаши Тетекс, Кожуф, Осогово, Еуромилк ГЛ, Новаци, Детонит Плачковица.

Првопласираните две екипи одат во Првата лига следната сезона, а третото место на крајот од сезоната води во баражот. Трите последнопласирани екипи ќе го напуштат второлигашкото друштво.

ФК Работнички пред самиот старт на сезоната промовираше дури десет нови фудбалери:  Дамјан Спасовски, Андреј Кудијан, Христијан Пецов, Виктор Серафимовски, Христијан Митровски, Христијан Поп-Антоски, Давид Манасиевски, Александар Богданоски, Амар Хаџибулиќ и Мартин Мисердовски.

Денеска, во првото коло се играат шест натпревари, а утре од 20 часот под рефлектори се игра натпреварот Пелистер – Камјани во Битола.

ВМФЛ – 1. КОЛО (денеска, 15.08. – 17 ч.)

Скопје: Работнички – Кожуф

Струмица: АП Брера – Еуромилк ГЛ

Скопје: Македонија ЃП – Тетекс

Охрид: Охрид – Новаци

Скопје: Шкупи – Детонит

Струмица: Беласица – Осогово

УТРЕ – 20 ч.

Битола: Пелистер – Камјани

Се вчитува...