Стартуваше Ролан Гарос: Сабаленка лесно победи, противничката одби да и честита

Арина Сабаленка рутински триумфираше на стартот од својот настап на Ролан Гарос, совладувајќи ја Марта Костјук од Украина со убедливи 6-3, 6-2.

Конечниот исход е сосема очекуван, но тоа не може да се каже и за односот на украинската тенисерка, која по мечот одби да се ракува со Белорусинката Сабаленка, поради поддршката што оваа земја ја дава на руската инвазија на Украина.

Костјук и во текот на минатата година одбиваше да се поздрави со ривалки од Русија и од Белорусија, а дефинитивно го нема променето ставот во меѓувреме, па само ја одмина Сабаленка по одигрувањето на завршниот поен на денешниот меч, за што доби свирежи од трибините.

Се вчитува...