Стартуваше женската Супер лига -ЖРК Вардар освои само бод против Куманово

Пелистер и дебитантот ЦЕМС ја отворија новата сезона во женската ракометна Супер лига. Првите бодови им припаднаа на битолските ракометарки кои на гостувањето во Скопје го победија ЦЕМС со 23-33.

На полувремето Пелистер имаше водство од 9-13, а во вториот дел целосно гостинките целосно ја презедоа контролата на терен и диктираа темпо. Ракометарките на ЦЕМС не успеаја да се одбранат и на крај запишаа убедлиув пораз во своето суперлигашко деби.

Симона Василева постигна 13 гола или повеќе од половина од вкупните 23 на ЦЕМС, а кај Пелистер најефикасна беше Анастасија Николовска со девет погодоци.

Во вториот натпревар од првото коло во Супер лигата, ЖРК Вардар во новиот состав со млади ракометарки, извлече само реми на домашен терен против Куманово (30-30).

Вардарки имаа четири гола предност (16-12) по првото полувреме и беа во водство се до финишот на натпреварот кога водеа со 29-27, но Куманово успеа да изедначи и на крај да извлече бод на гостувањето во Скопје.

Андреа Седлоска со 10 гола беше најефикасна во составот на Вардар. Екипата на Куманово пак ја предводеше Александра Боризвоска со 14 гола.

Гевгелија го пречекува Спартак во третиот натпревар што се игра вечерва (19.30 ч.). Дуелот меѓу Деспина и Овче Поле е утре (15 ч.), а натпреварот меѓу Металург и Стружанка е одложен поради настапот на скопскиот тим во квалификациите од Купот на ЕХФ.

Се вчитува...