ЕКИПА ВО ЉУБЉАНА,
Никола Станикевски
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва против Словенија ќе го одигра вториот натпревар Б-дивизијата во новото издание во Лигата на нации. По воведниот пораз од Швајцарија, мислите сега се насочени кон Словенците кои во првото коло ремизираа против Шкотска.
Статистиката вели дека и тоа како знаеме да играме против репрезентацијата со која го одигравме и првиот фудбалски натпревар во историјата на Македонија. Досега одигравме седум меча од првиот во Крање пред 33 години, до последниот, исто така пријателски во 2021 на домашен терен.
Токму во Скопје, немаме ниту еден пораз против овој противник, а забележавме три победи и едно реми. Од друга страна на натпреварите одиграни во Словенија, покрај историската победа од 1-4 во Крањ, имаме реми од 1-1 во квалификациите за ЕП 2020 и пораз кој е единствен на пријателски натпревар 1-0 од 2016 година.
Елиф Елмас е најдобар стрелец во натпреварите на овие две селекции со три гола.
• Вкупно одиграни натпревари: 7
• Победи за Македонија: 4
• Победи за Словенија: 1
• Нерешени средби: 2
• Постигнати голови: Македонија 13/Словенија 7
ОДИГРАНИ НАТПРЕВАРИ:
1 јуни 2021 (пријателски натпревар) Македонија – Словенија 1-1
10 октомври 2019 (Квалификации за ЕВРО 2020) Македонија – Словенија 2-1
24 март 2019 (Квалификации за ЕВРО 2020) Словенија – Македонија 1-1
23 март 2016 (Пријателски натпревар) Словенија – Македонија 1-0
14 ноември 2012 (Пријателски натпревар) Македонија – Словенија 3-2
23 март 1994 (Пријателски натпревар) Македонија – Словенија 2-0
13 октомври 1993 (Пријателски натпревар) Словенија – Македонија 1-4
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
