Барселона потфрли на синоќешното реми со Рајо Валјекано, по што шпанските медиуми уште еднаш потсетија на статистичкиот податок – дека Чави е најслабиот тренер што каталонскиот гигант го имал според бројот на победи на чело на овој тим во последните дваесет години.
Процентуално гледано, Чави има амо 52,63% победи на натпреварите, или конкретно – 38 натпревари, 20 победи, десет реми и осум порази. Ова се убедливо најслаби бројки од сите тренери на Барса во изминатите две деценции. Роналд Куман, кој беше избркан од Барселона и покрај 58,21% процентот на победи. Кике Сетиен, кој според многумина важи за најслаб тренер што Барса го имала со години наназад, има зад своето име 64% успешност на натпреварите на каталонскиот гигант.
Ако изговор на Чави беше нешто послабиот тим што Барселона го имаше ланската сезона, јасно е дека по летните активности на Лапорта веќе нема простор за такви аргументи. А поранешниот капитен мора што поскоро да почне да победува, или и самиот да се соочи со опасност од отказ.
Инаку, најдобар тренер според процентот на победи со Барселона во последните 20 години е Луис Енрике (76,24′), пред Тито Виланова (75,56%) и Пеп Гвардиола (75,16%).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА