Ставрев ќе го суди мечот Карабах – Шериф, Белорусин ќе и дели правда на Шкендија

Најдобриот македонски судија Александар Ставрев повторно ќе биде ангажиран на меѓународна сцена. Тој ќе го суди реванш мечот од третото квалификациско коло во Лигата на Европа меѓу Карабах и Шериф Тираспол, в четврток. Ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, а четврти судија е Димитар Мечкаровски.

Одреден е судијата и за реванш натпреварот меѓу македонскиот првак Шкендија и Розенборг во Скопје. На центарот ќе биде белорускиот судија Алексеј Кулбаков. Помошници ќе му бидат сонародниците Дмитриј Жук и Алиех Маслианка, а четврти судија е Ѕианис Шчарбаку. УЕФА делегат е Гордон Пејт од Шкотска.

Се вчитува...