Нашиот најдобар фудбалски судија, интернационалецот Александар Ставрев од судиската комисија на УЕФА е одреден за главен судија во групната фаза на Лига на Европа меѓу Келн и Бате Борисов. Ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, четврти судија ќе биде Никола Караколев. Зад головите ќе бидат Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски. Мечот се игра на 2 ноември.
Од германските екипи во европските купови Ставрев им има судено на Баерн Минхен и на Хановер. Инаку во неговата богата судиска кариера ова е четврти пат како ќе му суди на Бате Борисов.
Емил Божиновски ќе биде контролор на судењето на мечот меѓу АЕК и Милан во Атина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА