Ставрев контролор во Шведска, Александра Пејковска делегат во Германија

На стартот на новата сезона на меѓународните фудбалски натпревари во Европа, претставниците на Фудбалската федерација на Македонија високо котирааат во разните комисии во УЕФА благодарејќи на успешно извршените задачи последните години. Во првите две кола во Лигата на шампионите и Конференциската лига ја пропатуваа Европа.

Александар Ставрев на 21 јули беше контролор во Шведска на мечот од Конференциската лига во Гетеборг меѓу Гетеборг и Левадија Талин од Естонија.

Од 5 до 8 август, пак, Александра Пејковска ќе ја има делегатската улога на квалификацискиот турнир во Лигата на шамшпионите за жени во Франкфурт, Германија. На турнирот ќе настапат Валеренга од Норвешка, шведски Малме, Анјтрахт од Германија и кипарска Омонија.

Пред ова патување Пејковска беше делегат во Албанија на натпреварот Влазнија од Скадар и Малешева од Косово.

Филип Поповски во првото коло од Лигата на европските шампиони беше во Романија каде на мечот Крајова – Винтебеск од Белорусија ја извршуваше делегатската должност.

Судеа и нашите интернационални судии. Игор Стојчевски во Луксембург, беше главен судија на натпревартот Атерт – Бисен /Фарски острови/. Му помааа Вјолца Изеири и Тошо Ицев, четврти судија беше Фатмир Бафто. На овој меч имаше уште еден претставник од Македонија, Влатко Илиоски се наоѓаше во ВАР собата.

И на крајот Стојанче Трпчевски беше главен судија на средбата Паиде и Хегелман од Литванија во Конференциската лига. Му помагаа Гоце Петрески и Мартин Петковски, четврти судија беше Бењамин Ќерими.

М.М.

Се вчитува...