Ставрев суди во Осло, Дојчиновски делегат во Андора

Македонскиот најдобар судија Александар Ставрев, е делегиран за главен арбитар на натпреварот во квалификациите помеѓу Норвешка и Кипар, кој се игра на 20. јуни во Осло на стадионот Улевал.

Помошници на Ставрев ќе му бидат Гоце Петрески и Куштрим Лика, додека четврти судија ќе биде Игор Стојчевски.

Васко Дојчиновски, пак, е делегиран од УЕФА на натпреварот помешу младите репрезентации на Андора и на Белорусија во рамките од квалификациите, средба која се игра на 20. јуни во Ла Вела.

Се вчитува...