Ставрев во Лајпциг, Мечкаровски во Тбилиси

Судиската комисија на УЕФА не ги заборава двајцата најдобри македонски судии. На 26 јули, Александар Ставрев ќе го суди реванш мечот од квалификациите за Лигата на Европа меѓу германскиот претставник Лајпциг и победникот од натпреварот Хакен (Шведска) и Лиепаја (Летонија). Во првиот меч победи Хакен со 3-0. Ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадиновски, четврти судија е Димитар Мечкаровски.

Димитар Мечкаровски, исто така во квалификациите за Лига на Европа, ќе биде главен судија на реванш натпреварот во Тбилиси на 19 јули меѓу домашниот Динамо и Дунајска Среда од Словачка. Првиот меч заврши без победник 1-1. Ќе му помагаат Гоце Петрески и Дејан Неделковски, четврти судија ќе биде Дејан Јакимовски.

М.М.

Се вчитува...