Стеауа со осум играчи му ги зеде бодовите на Металург

Металург испушти златна шанса да врзе три победи по ред. Но, македонскиот вицешпампион не ја искористи „бројната предност“ и загуби од романска Стеауа со 28-29  во натпреварот од 8.коло во регионалната СЕХА лига. Романскиот тим кој ја игра првата сеозна во регионалното натпреварување, во Скопје допатува само со десет играчи од кои двајца голмани, но со извонредна партија на Тудор Станеску на голот на крај успеа да ја оствари петтата победа сезинава, прва на гостински терен, а Металург остана со празни раце.

„Металурзи“ на старт ја имаа иницијативата и во првата четвртина одржуваа 1-2 гола предност. Тренерот Данило Брестовац како и на неделниот меч против Чеховски медведи во Лигата на шампионите, на лев бек стартуваше со новодојдениот Александар Шпенде. Словенецот потврди дека добро се вклопува во играта и е една од најдобрите инвестиции на тимот од Авткоманда, постигнувајќи три од првите пет гола на Металург.

Во втората четвртина од натпреварот, Брестовац ја смени речиси комплетанат прва постава со исклучок на гоманот Никола Даниловски, но ротацијата како да го наруши ритамот во играта на „металурзи“ во неколку напади не успеаваа да реализираат, а Романците напрваија серија од 4-0 и поведоа со 9-11.

Металург „бркаше резултат“ три пати дојде до изедначување, а во последните две минути од полувремето реализира три гола во серија и на одмор замина со предност од 15-13.

Благодарение на 15 одбрани на голманот Тудор Станеску, романскиот тим остана во игра, а на сгтартот од второто полувреме успеа и да се врати во водство со 16-17.

Во резултатската ношалка, „металурзи“ дојдоа до ново изедначување на 18-18 со убав погодок на Голзало Рибеиро од контра. Но, Станеску освен што беше извонреден на голот на Стеауа, успеа да се запише и во листата на стрелците погодувајќи го празниот гол на Металург за 19-20. Гостите останаа во позитива и во завршмната четвртина влегоа со предност од 20-22.

Брестовац се реши да напаѓа со седум на шест и „металурзи“ со играч повеќе во нападот успеаја да дојдат до ново изедначување на десет минути пред крај.

До ново водство Металург дојде на шест минути пред крај со петтиот погодок на Шпенде, но наместо комплетен пресврт следуваа серија грешки и загубени топки на „металурзи“ што им отвори шанса на Романците без многу напор повторно да ја преземат иницијативата и да влезат во завршницата со нови +2 (27-29). а на крај и да слават победа.

Александар Шпенде со шест погодоци беше прв стрелец кај Металург, Марио Танкоски и Мице Шилегов заврши со по четири гола. Во составот на Стеауа најефикасен бешеГабриел Флореа со шест гола, но во главна улога беше голманот Тудор Станеску со фантастични 19 одбрани.

Во пребукираниот распоред „металурзи“ немаат многу време за одмор бидејќи веќе утре ги очекува дуелот со Спортинг во Лигата на шампионите.

Се вчитува...