Стеф Кари им пресуди на ЛА Клиперс, Сан Антонио славеше во Денвер… (ВИДЕО)

Со четири натпревари синоќа стартуваше НБА плеј-оф разигрувањето, од кои во дури три славеа гостинските екипи.

Бруклин победи на гостувањето против Филаделфија со 102-111, а потоа и Орландо го изненади Торонто славејќи со 101-104. Аугустин ги предводеше гостите со 25 поени, Фурние запиша 16 поени, а Вучевиќ и Исак по 11 поени. Каваи Леонард кај домашните постигна 25 поени.

Голден Стејт победи со ЛА Клиперс славејќи со 121-104 благодарение на одличната партија на Стеф Кари кој постигна 38 поени, со 15 скока и седум асистенции. Кевин Дурант мечот го заврши со 23 поени. На спротивната страна Харел запиша 25 поени, а Лоу Вилијамс – 25 поени и 9 асистенции.

Интересен дуел беше одигран во Денвер каде Сан Антонио со 101-96 стигна до брејк против Нагетс. Најефикасен во редовите на гостите беше ДеМар ДеРозан со 18 поени и 12 скока. Харис кај Денвер постигна 20 поени а Мареј – 17 поени. Српскиот кошаркар Никола Јокиќ мечот го заврши со „трипл-дабл“ од 10 поени, како и 14 поени и 14 асистенции.

Се вчитува...