Стеф Кари ја скрши дланката, Голден Стејт од криза во катастрофа (ВИДЕО)

Тимот кој доминираше во претходните неколку сезони во НБА лигата, Голден Стејт влегува во сериозни проблеми и ќе има тешкотии во текот на сезоната која штотуку почна. Откако влезе во шампионатот исклучително лошо, Голден Стејт остана и без главниот играч. Стеф Кари ја скрши дланката во поразот на „вориорс“од Феникс од 121-110.

Кари ја скрши левата дланка при судирот со центарот на „санс“, Ерон Бејнс кој падна директно на неговата рака. Кари веднаш се повлече во соблекувалната и првичната проценка беше дека се работи за скршеница. Засега нема детали околу должината на отсуството на Кари. Ова само ги зголемува проблемите за Голден Стејт бидејќи на долг рок отсуствува и Клеј Томпсон. Првакот од пред две сезони има три порази во четири одиграни натпревари од почетокот на сеозната.

 

 

Се вчитува...