Стеф Кари сакаше да забие, па се посрамоти како никогаш досега… (ВИДЕО)

Голден Стејт полесно од очекуваното славеше против ЛА Лејкерс кој и овој пат беше ослабен со неиграњето на Леброн Џејмс. Вориорс имаа предност од самиот почеток, за да на крајот слават убедливо со 130-111.

Но, една од полошите партии сезонава одигра Стеф Кари кој на паркетот мина половина час. Постигна скромни 11 поени, а имаше и дури 12 асистенции.

Кари стана и мета на потсмев на социјалните мрежи поради еден детал од натпреварот. При една соло-акција се обиде за забие, но се лизна и падна. ‘Циркусот’ не заврши со тоа затоа што се обиде и да шутира тројка, но го промаши целиот кош….

 

Се вчитува...