Актуелниот шампион во НБА лигата, Голден Стејт вориорс, го очекува финалната серија против Торонто Репторс, а првите два натпревари се играат во канадскиот град. Првата ѕвезда на тимот, Стеф Кари ќе има тешка задача да го предводи тимот во првиот меч во кој ќе недостасуваат Кевин Дурант и Демаркус Казинс.
Сепак, Кари знае како се освојуваат трофеи во Торонто. Имено во 2001 година, неговиот татко Дел Кари потпиша едногодишен договор со канадскиот тим, а тогаш малиот Стеф беше префрлен во основното училиште во градот „Квинсвеј Кришчн Колеџ“. Основно школо во предградието на Торонто, кое немало посебни успеси во кошаркарската лига, а до доаѓањето на Кари имале само три победи. Наставникот по историја Џејмс Лаки, го повикал наставникот по спорт, Кејси Филд како би му го претставил новиот ученик кој се викал Стефан.
Екипата која дотогаш имала само три победи, откако се приклучил Кари не можела да загуби. Победите се нижеле, а на крајот регуларниот дел од училишната лига тимот од преградието на Торонто имал скор од 15-0. Во големото финале требале да се сретнат со против силниот тим на училиштето „Хилкрест“. На три минути до крајот тимот на Кари имал негатива од осум поени, по што тренерот Филд морал да побара тајм-аут. Туку започнува феноменалната серија на Стеф, за конечна победа од седум поени разлики на неговиот тим.
„Квинсвеј Кришчн Колеџ“ ја освои својата прва титула, но и последна бидејќи следната сезона Дел Кари реши да ја заврши кариерата и да се врати во Шарлот, каде помина 10 години од кариерата.
The last time Steph Curry won a championship in Toronto, he was in middle school ?@DanWetzel writes ➡ https://t.co/FrmF5oo9J8 pic.twitter.com/9KMjTfbdi1
— Yahoo Sports NBA (@YahooSportsNBA) May 29, 2019
Throwback to when Steph Curry played middle school basketball in Toronto ?
(H/T @hunterhockey) pic.twitter.com/vSCz0hQVjd
— Def Pen Hoops (@DefPenHoops) May 27, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА