Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Стефан Чолаковски го продолжи договорот со австралискиот премиерлигаш Перт Глори.
Чолаковски ја заврши изминатата полусезона, откако во јануари се врати во Глори, со 13 настапи во кои постигна три гола и две асистенции, па сега го продолжи договорот со клубот за уште една година.
Македонскиот напаѓач во дресот на Перт Глори во сезоната 2023/24, претходно, ја доби наградата за гол на сезоната.
Пртеходно беше дел од тимот на Мелбурн Сити, кој освои две титули во Премиерлигата на Австралија и една во Чемпионшип лигата, а исто така настапуваше и за Велингтон Феникс откако се раздели со Глори во 2024 година. Има и три настапи за младата репрезентација на Македонија во времето на Драган Канатларовски.

Спортскиот директор на Глори, Стен Лазаридис, верува дека Чолаковски може повторно да биде важна алка за нападот на Глори во претстојната сезона.
„Докажа колку опасен може да биде редовно минатата сезона и возбудени сме да видиме повеќе од него следната година. Тој е играч чие ниво на продуктивност е извонредно и некој со кого нашите навивачи се поврзуваат и сакаат да го гледаат, плус неговата страст за клубот е тука за сите да ја видат. Неговиот стил на игра навистина се вклопува во пристапот што главниот тренер Адам Грифитс сака да го примени во однос на играњето во високо темпо, напаѓачки фудбал и ние сме воодушевени што тој повторно ќе биде дел од Перт Глори и следната сезона“ – рече Лазаридис по потпишувањето на новиот договор со Чолаковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
